Лепак за рани ги затвора раните за 60 секунди

- Advertisement -

Замислете некој да доживеал сообраќајна незгода и има повреди на белите дробови, кои се еден од најнежните органи на телото и најтешките за лекување. Научници од Универзитетот во Сиднеј развија медицински лепак наречен MeTro и тврдат дека лепакот ги затвoра раните за 60 секунди.

MeTro функционира на принципот на течност, односно ги пополнува празнините и се прилагодува на формата на раната“, вели професорот Ентони Вајс од Унивезритетот на Сиднеј.

- Advertisement -

Лепакот MeTro досега успешно има зацелено исекотини на артерии на глувци и на бели дробови на свињи без да има потреба од шиење. Тој е комбинација на технологии за природен еластин и молекули чувствителни на светлина, кои се производ на две различни студии. Еластичноста му овозможува да допре до тешко достапни места, за кои вообичаено се потребни конци.

Кога ќе се стави во раната се третира со УВ светлина. Може и да се модифицира во зависност од времето потребно за лечење различни рани благодарение на ензимот вграден во него.

- Advertisement -

Биолошки добор реагира со ткивата околу него за да го поттикне лекувањето. Гелот е лесен за чување и може да се стави директно на рана или на некој отвор. Потенцијалните примени се бесконечни – од третирање сериозни рани во итни случаи како после сообраќајни незгоди до подобрување на лекувањето на рани од операции, додава Вајс.

(Design Indaba)

Сподели!
- Advertisement -