Компанијата Pentatonic лансираше нов бренд за модуларен модерен мебел направен исклучиво од отпадни материјали
За разлика од сличните брендови, нивната посветеност оди подалку од само рециклирање. Pentatonic го лансира својот бренд со столовите AirTool Chair и масите AirTool Foil Table, како и со стаклени предмети направени од екрани на расипани паметни телефони. На нивната страница се наведува отпадот кој е искористен за секој производ: На пример, 96 пластични шишиња и 28,4 алуминиумски лименки се искористени за еден стол AirTool Chair како и стари конзерви и индустриски отпад. 1.436 алуминиумски лименки и 190 цедеа се потребн за една маса AirTool Foil table. Од Pentatonic велат дека не користат адитиви, токсини, лепаци.
Pentatonic има канцеларии во Лондон и во Берлин и речиси 90% од отпадот кој го користи во производството го снабдува локално. Останатите 10% ги добива од Тајван, која е земја со најголема концентрација на отпад од паметни телефони. На корисниците не им се потребни алатки за да ги склопат модуларните производи на Pentatonic. Компанијата продава и индивидуални компоненти онлајн доколку некој изгуби дел или сака да дизајнира сопствен мебел со делови на Pentatonic. Корисниците можат да станат дел од синџирот на снабдување кога враќаат стари или искористени делови. Pentatonic потоа тие делови ќе ги претвори во нови парчиња мебел.
Производите на Pentatonic може да се купат на нивниот сајт, а доколку сте во Лондон можете да ја посетите нивната продавница.
(Inhabitat)