Апликација која го револуционизираше читањето книги

- Advertisement -

Едно истражување на Gallup од 2015 година покажа дека просечниот Американец кој работи 47 часа неделно има само 19 минути за читање книги. Замислете кога би можело во тие 19 минути луѓето да го дознаат сето тоа што ќе го дознаат откако ќе ја прочитаат целата книга? Дали една компанија за дигитални книги може да јанде решение за овој проблем?

Апликацијата Blinkist, лансирана во 2013 година, го прави токму тоа – прави кратки верзии на бестселери кои може да се прочитаа за 15 минути или помалку. Blinkist засега има такви кратки книги на повеќе од 2.000  најчитани книги, а ја користат 2 милиони луѓе секој ден. Зошто толкав интерес за оваа апликација?

- Advertisement -

Еве 5 причини.

Филтерот Product & The Service We ги филтрира сите инфромации за да го извлече најбитното. Од повеќе од 2.200.000 книги во светoт се бираат најдобрите книги кои не се фикција и потоа специјалисти за содржина, присатели и уредници ги идентификуваат клучните идеи и ги траснформираат во паметни корисни резимеа, кои се рафинираат додека не ги содржат сами најбитните информации за читателот. Содржината е научно формулирана за да биде полесна за паметење и појасна.

- Advertisement -

Апликацијата ја користат сите: од бабички во Англија и претприемачи во Бразил преку студенти во Финска и менаџери за човечки ресурси во Азија до претприемачи во Њујорк и учители на Хималаите. Луѓе со секакви професии ја користат Blinkist за да се надградуваат, па кога ќе ја инсталирате Blinkist се приклучувате во мрежа од луѓе од целиот свет кои се жедни за знаење, а немаат толку време да читаат.

Многумина учат најдобро кога некој им зборува. Денес, пак, многумина кои имаат исполнет распоред на работа преферираат аудиокниги. Во текот на првите 2 години постоење на апликацијата аудиоверзиите на книгите биле најбаран производ. Сега ја има и таа опција и лесно можете да „читате“ аудиокниги додека возите, додека трчате и сл. 

- Advertisement -

Секој посакува да има некој пријател кој знае се и постојано пренесува нови и интересни информации. Тимот кој стои зад апликацијата е составен од толку различни луѓе и професии што кога ја имате апликацијата е исто како да имате токму таков пријател.

Blinkist ви овозможува секој ден да откирвате нови мислители и идеи, да учите и да се ослободите од притисокот да бидете информиран граѓанин и подобра верзија од себеси. Како што светот живее се побрзо и побрзо, ќе биде уште потешко да се најде време за се, па ваквите апликации ќе се погрижат секогаш да знаете се – од книги, статии и други медиумски информации.

Сподели!
- Advertisement -