Нов серијал на кратки видеа со млади македонски дизајнери на мебел

- Advertisement -

Платформата за дизајн и развој на мебел House of 1000 Designers започна серијал на кратки видеа кои ги објавува секој четврток на својата Фејсбук страница. Секое од овие кратки (неколкуминутни) видеа ја следи приказната и развојот на одреден производ и дизајнерот кој стои зад него, односно секој степен од неговиот премин од идеја во финален продукт.

Во рамкиte на мини-серијалот ќе бидат објавени вкупно 6 кратки епизоди кои ќе ги раскажуваат сториите на 3 млади македонски дизајнери, победници на првата рунда на конкурси објавени на House of 1000 Designers, секој од нив посветен на дизајн на различно парче мебел.

- Advertisement -

Во видеата ќе се запознаете со Катерина Трпковска, која работи на нејзиниот дизајн на ламба, Антонио Станковиќ кој работи на својот дизајн на стол и Деа Беатовиќ која го претвора нејзиниот дизајн на работна станица во реален производ.

Епизода 1: Првата макета од ламбата на Катерина

- Advertisement -

Линк до видеото: https://www.facebook.com/ho1000d/videos/296972040786495/

- Advertisement -

Епизода 2: Првата макета од столот на Антонио

Линк до видеото: https://www.facebook.com/ho1000d/videos/299251027225263/

Младите дизајнери ги користат просториите на Отвореното дизајн студио, сместени во објектот на FEYDOM во Визбегово и веќе докажаните процеси, тим и искуства на овој макдонски производител на мебел.

Целта на овој видеосеријал е да ги претстави различните етапи од процесот на развој на едно парче мебел, да им покаже на сите заинтересирани дека за да аплицираат на конкурсите кои платформата ги објавува нема потреба да бидат професионални дизајнери и се разбира – уште еднаш да нагласи дека вратите на нивното Отворено дизајн студио се отворени за секого.

Видеата се снимени од Reborn Studios, а ќе бидат објавувани секој вторник на Фејсбук профилот на House of 1000 Designers и на Reborn. Повеќе информации за проектот и за нивните активни конкурси за дизајн на мебел може да најдете на www.ho1000d.com.

Сподели!
- Advertisement -