Првата вертикална шума во Франција ќе содржи еден хектар зеленило

- Advertisement -

Компанијата Stefano Boeri Architetti продолжуваат да градат вертикални шуми низ целиот свет, а последниот проект е планиран за Париз. Проектот е дизајниран за квартот Вилје сир Марн во источниот дел на Париз. Вертикалната шума го носи името „Бела шума“ (Forêt Blanche), ќе биде висока 54 метри и ќе биде направена главно од дрво. 2.000 дрвја, грмушки и растенија ќе ја покриваат дрвената фасада што е еднакво на еде хектар зеленило.

Проектот „Бела шума“ неодамна победи на натпреварот Marne Europe, каде што конкуренција му беа проекти како „Балкон над Париз“ (Balcon sur Paris) дизајниран од соработници на Kengo Kuma Architects и компанијата Oxo Architectes. Првата француска вертикална шума ќе биде мешавина од станбени простори, канцеларии, а најдолу ќе има малопродажни продавници. Терасите и балконите ќе им овозможат на жителите да уживаат во бујното зеленило и панорамски поглед на градот. „Белата шума“ ќе се приклучи на многуте такви кои постојат или се планираат во повеќе градови во светот од Азија до Европа.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -