Пенкало-сапун го прави забавно миењето раце за децата

- Advertisement -

За да им помогнат на родителите да ги научат децата почесто да ги мијат рацете, компанијата Team SoaPen направи течен сапун-пенкало кој го носи истото име на компанијата SoaPen. Кога детето го користи SoaPen тоа на рацете црта како со пенкало и потребни се 20 до 40 секунди за со вода да се отстрани напишаното. Толку време отприлика е потребно да се мијат рацете за да се отстранат бактериите.

SoaPen доаѓа во шишенце од 9 милилитри и децата можат да избираат од 3 бои: портокалова, зелена и сина. Секое пенкало може да се користи за 60 миења. Team SoaPen лансираше кампања на Kickstarter, која завршува денес.

- Advertisement -

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -