Угледниот Институт за технологија на Масачусетс ја прогласи компанија за производство на графички картички и компјутерска опрема Nvidia за најпаметна комапниај во светот. Меѓу првите на листата со најпаметни компании се наоѓаат и компаниите SpaceX и Amazon, а Nvidia изби напред пред нив поради деловната умешност и иновативните технологии.
„Листата со најпаметни компании е еден вид наше предвидување кои компании ќе бидат доминантни во иднина. Amazon, Facebook и Google секако дека се на листата, но има и многу нови компании“ велат од MIT Technology Review.
Главната предност на Nvidia пред конкуренцијата е експлозивниот раст на вештачката интелигенција. Додека џиновите Apple и Google настојуваат да развијат сопствени технологии за вештачка интелигенција, често им се потребни огромни податочни центри за да го забрзаат истражувањето и развојот. Во нив користат графиќки процесори, во чиј развој од Nvidia инвестираа 3 милијарди долари. Исто така, работат на развој на чипови за автономни возила.
Иако од MIT не наведуваат, криптовалутите би можеле да бидат нова мета за ширење на бизнисот на Nvidiа. Наводно, развиваат чип за производство на криптовалути, па може да се случи да профитираат од возбудата што владее за криптовалутите како што се биткоин и етереум. Вредноста на акциите на Nvidiа порасна за 37,51% во текот на годинава.
(tportal.hr)