Кој е најмоќниот пасош во светот?

- Advertisement -

Според податоците на Passport Index, сајтот за рангирање на моќта на пасошите, зад кој што стои глобалната финансиска консултантска компанија Arton Capital, Сингапур сега има најмоќен пасош н светот, а од тронот ја симна Германија.

Пред неколку дена Парагвај ја укина визата за Сингапур и така на жителите на оваа земја им овозможи полесен пристап до 159 земји во ветот. Колку за споредба, Германија, која досега беше на чело на листата, има слободен пристап до 158 земји во светот.

- Advertisement -

Passport Index ги освежува информациите во реално време за да покаже кои жители на кои земји можат да влезат во друга земја без формулари, без виза или евентуално без туристичка виза, која ја добиваат веднаш на граница. На листата се наоѓаат вкупно 193 земји и шест територии: Тајван, Макао, Хонгконг, Косово, Палестина и Ватикан.

1. Сингапур – 159 земји

- Advertisement -

2. Германија – 158 земји

3. Шведска и Јужна Кореја – 157 земји

- Advertisement -

4. Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Јапонија и Обединето Кралство – 156 земји

5. Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија – 155 земји

6. Малезија, Ирска, САД и Канада – 154 земји

7. Грција, Нов Зеланд и Австралија – 153 земји

8. Малта, Чешка и  Исланд – 152 земји

9. Унгарија – 150 земји

10. Словенија, Словачка, Полска, Литванија и Летонија – 149 земји

Македонија има слободен пристап до 108 земји во светот и се наоѓа на 40-то место заедно со Русија и Кирибати.

Сподели!
- Advertisement -