Google претстави нова апликација Google Tasks

- Advertisement -

Деновиве Google ја претстави редизајнираната верзија на Gmail, а со неа претстави и нова апликација поврзана со другите апликации од овој дигитален сервис. Се работи за апликацијата Google Tasks или во превод Задачи.

Како што пишува Klix.ba, апликацијата е наменета за креирање, преглед и уредување на листата на задачи, вклучувајќи ги и оние задачи креирани преку новиот Gmail или Google календарот.

Преземањето на апликацијата, како што јавуваат од сервисот е доста едноставно како и користењето на истата, со тоа што освен што можете да креирате листи на задачи, можете да ги селектирате по приоритети.

- Advertisement -

Апликацијата ги поедноставува нештата со тоа што не дозволува да го подесувате времето до кога сакате да биде завршена задачата, туку само датумот.

Сподели!
- Advertisement -