Илон Маск ја објави првата фотографија од подземниот тунел во Лос Анџелес

- Advertisement -

Илон Маск на својот профил на Twitter ја објави првата фотографија од подземниот тунел кој го гради со својата компанија The Boring Company во Лос Анџелес.

Познато е дека Маск опремата и технологијата за копање на тунелот ја тестираше под седиштето на компанијата SpaceX во Калифорнија и во други делови на Лос Анџелес, по што градските власти дозволија изградбата да започне во август.

На првата фотографија се гледа вграден подземен систем сличен на претходно презентираниот концепт на подземнот тунел.

- Advertisement -

The Boring Company е основана како експериментален обид за алтернативен градски превоз транспорт, а Маск смислил неколку идеи за подземни патишта кои ќе се користат за превоз на автомобили со помош на електрични лента. Станува збор за ефикасен и брз транспорт, наменет исклучиво за автомобили.

Маск го избрал Лос Анџелес за тестирањето бидејќи е во близина на неговата компанија, но и затоа што ова е град познат по густиот сообраќајниот метеж.

- Advertisement -

Целта на подземниот тунел е да се намали сообраќајниот метеж и времето на патување. Маск изјавил дека дел од тунелот ќе биде паралелен со автопатот Interstate 405 до Interstate 101 со излези на секои два километри. Тунелот ќе функционира како автопат со голема брзина, а електричните ленти ќе ги превезуваат автомобилите и автобусите со брзина до 240 km / h.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -