До 2023 година во светот ќе бидат инсталирани еден трилион вати чиста енергија

- Advertisement -

Светот ќе инсталира повеќе од еден трилион вати обновлива енергија во наредните пет години и модерната биоенергија ќе го предводи растот на обновливите извори, тврдат од Интернационалната агенција за енергија во својот најнов извештај.

Како што чистата енергија продолжува да се шири, во извештајот се вели дека Кина ќе биде одговорна за 41% од глобалниот раст на обновливата енергија. Како резултат на политиките за декарбонизација на ситe сектори и намалување на загадувањето на воздухот, во Кина ќе бидат додадени 438 гигавати чиста енергија и земјата може да стане најголем консумент на зелена енергија во светот и да ја надмине Европската унија до 2023 година, пренесува Green Matters.

- Advertisement -

Бразил ќе биде веднаш зад Кина по растот на обновливите извори на енергија. Како еден од најголемите консументи на енергија, Бразил досега има најголем процент на обновливи извори во вкупната енергија, а до 2023 година тој ќе се искачи на речиси 45%.

- Advertisement -

Додека растот на соларната енергија и ветрот продолжува, биоенергијата останува најголем извор на oбновлива енергија бидејќи е глобално распространета. САД остануваат вториот најголем пазар за соларна енергија во светот, а веднаш зад нив следува Индија, чиј капацитет ќе се зголеми четирикратно.

Биоенергијата е обновлив извор кој се креира од природни, биолошки извори. Тие извори може да бидат која било форма на органска материја која складира сончева енергија како хемиска енергија. Најголем дел од биоенергијата доаѓа од шумите, земјоделските фарми и од отпадот од фабриките, од животните и нивните нуспроизводи. Со модерната технологија дури и депониите може да станат потенцијални извори на биоенергија.

- Advertisement -

Во САД, Министерството за енеrгија ги истражува алгите како одличен извор на биоенергија и биогориво. Маслотот кое се добива од алгите се процесира и се претвора во гориво кое потоа може да се користи за автомобили. Алгите го користат јаглерод диоксидот од воздухот, што е добро а животната средина и евентуално може да се намали зависноста на луѓето од необновливите извори на енергија.

„Денес консумацијата на биоенергија изнесува околу 50% од вкупната консумација на обновливи извори. Тоа значид дека е исто колку хидроенергијата, ветрот, соларната енергија и другите обновливи извори заедно. Очекуваме биоенергијата да продолжи да предводи и има големи шанси за уште поголем раст, но потребни ни се соодветни потилики и ригорозни регулативни за одржливост“ вели д-р Бирол, извршен директор на Интернационалната агенција за енергија.

Сподели!
- Advertisement -