Фирмите со блокирани сметки добијa уште една година рок за плаќање

- Advertisement -

Фирмите што имаат блокирани трансакциски сметки, наместо како што беше предвидено до 1 јануари 2018 година, ќе имаат една година повеќе за плаќање со компензација, асигнација, цесија и преземање.

На Единствениот електронски регистар на прописи – ЕНЕР, Министерството за финансии објави дека планира измени во Законот за платен промет.

- Advertisement -

Целта на законските промени е одложување на примената на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2018 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг.

Ова е второ одложување на примената на Законот за платен промет.

Сподели!
- Advertisement -