Дигитален асистент, алатка во грижата за корисници на А1 Македонија

- Advertisement -

А1 Македонија веќе се етаблира како носител на дигитализацијата во заедницата и сите напори компанијата ги насочува кон дигитализација на корисничкото искуство, со самото тоа и овозможување на непречена и бесплатна поддршка преку различни дигитални канали.

Во свет каде што корисничкото искуство станува императив, главниот предизвик е да се одговори на барањето на корисникот веднаш – при првиот контакт, без чекање и секој пат кога на корисникот му е потребна поддршка.  А1 Македонија се достапни преку социјалните мрежи, Четбот апликација Славчо достапен исто така преку различни канали- Фејсбук, Вибер, Веб чет, Мобилна апликација Мојот А1, видео поддршка за корисници како и традиционалните канали за комуникација со Контакт центар агенти или емаил.

- Advertisement -

Неодамна А1 го претстави Дигиталниот асистент преку мобилна апликација.

Важноста од непречен и квалитетен интернет пристап денес е неприкосновена за корисниците, кои очекуваат супер брз интернет пристап во секое време. Тука и произлегоа бројните предизвици, како корисникот да детектира евентуална потешкотија со интернет врската и како веднаш да ја реши, како да ја провери или ресетира лозинката за Wifi, како да активира или деактивира дополнителни пакети и слично. Ова се основните потреби кои А1 ги доближува до корисниците и тоа само преку еден клик. Со имплементација на Дигитален асистент за поддршка на фиксните сервиси на корисниците кој што е достапен преку мобилната апликација Мојот А1 корисниците можат да направат детална проверка и дијагностика на нивната интернет врска, да решат основни потешкотии со фиксните услуги, но и да ги менаџираат лесно и едноставно на клик преку самата апликација наместо да се јават и чекаат на слободен агент за техничка поддршка.

Сподели!
- Advertisement -