Хрватот Тин Кадоиќ стана директор на дизајн во Airbnb

- Advertisement -

Хрватскиот дизајнер Тин Кадоиќ е назначен за директор на дизајн на искуство односно Experience Design во Airbnb. На новата позиција со својот тим ќе развива корисничко искуство и кориснички интерфејс на најголемата платформа за изнајмување сместување, а преку платформата Trips ќе работи и на туристичкото искуство со повеќе од 150 милиони корисници и 3 милиони сместувачки единици во светот.

Пред помалку од една година платформата воведе големи промени во рамките на опцијата Trips со кои, како што вели Тин, компанијата го преиспитува поимот патување преку три клучни области: искуства (Experiences), места (Places) и домови (Homes). Токму Trips е една од причините зошто на Airbnb му се потребни квалитетни и амбициозни дизајнери.

- Advertisement -

Тин Кадоиќ на одговорната позиција во Airbnb доаѓа со години искуство. Меѓу другото, тој работел во хрватските компании: дигиталната агенција Brlog, групацијата Bruketa&Žinić OM, а бил и извршен креативе директор на загрепската агенција Five.Освен по комерцијаната работа, Кадоиќ е познат и по работата во дизајнерската заедница, почнувајќи со 5 години предавање на загрепското Студио за дизајн.

По преселувањето во Њујорк почна да придонесува во тамошната заедница преку организацијата Design First meetup. Токму таквиот поинаков поглед на дизајнот е една од причините зошто денес е во Airbnb компанијата која вели дека не вработува дизајнери на интеракција, дигитални дизајнери, дизајнери на дигитални производи, ни сервис дизајнери туку таканаречени дизајнери на искуство.

- Advertisement -

Тин вели дека неговата задача е обликување на целокупното искуство на корисниците офлајн и оналјн.

(Netokracija)

Сподели!
- Advertisement -