НЛБ Тутунска банка ја претстави Happy кредитната картичка со поврат на пари

- Advertisement -

НЛБ Банка денеска промовираше нова кобрендирана кредитна картичка NLB haPPy со гарантиран поврат на средства (cashback) при секое купување во земјата и странство.

„Ако трансакцијата биде извршена во мрежата на партнери, таа се движи од 1 до 10 отсто поврат, а ако е надвор од мрежата на партнери инесува 0,6 отсто гарантиран кеш бек на сите трансакции во земјава и во странство“ изјави Антонио Аргир од НЛБ.

- Advertisement -

За картичката може да се аплицира во секоја експозитура на банката и во продажните салони на Нептун. Дополнителна предност на картичката е и тоа што при самото аплицирање во продажните салони на Нептун, воведено е и инстант одобрување на кредитниот лимит на картичката, можност за реализирање на првото купување во истиот момент без физичко поседување на картичката.

Моментално партнерската мрежа се состои од 90 трговци со повеќе од 400 продажни места, а се планира континуирано зголемување на мрежата.

- Advertisement -

Картичката е од програмата на Mastercard во соработка со фирмата НЕП Лојалити.

„Нашите клиенти и потрошувачи повеќе немаат потреба да носат со себе десет картички за попусти кај различни трговци. Сега ќе можат сите попусти и бенефиции и целиот поврат на средства да го остварат само со една картичка“ изјави Игор Давков, претставник на НЕП Лојалити.

Сподели!
- Advertisement -