Рускиот ИТ гигант Yandex влегува во Македонија со своите услуги за мапирање и навигација

- Advertisement -

Денес во Скопје се одржа информативна сесија од претставници на рускиот ИТ гигант Yandex за нивните услуги и производи, со посебен акцент на услугите и софтверот за мапирање.

Yandex е меѓународна компанија со седиште во Холандија и Русија и нуди напредни интернет технологии како свој пребарувач, е-маил сервир, драјв, мапи, навигатор, такси, услуги за плаќање и многу други. Исто така своите услуги Yandex ги нуди бесплатно. Една од најкористените услуги на компанијата е Yandex Weather што е временска прогноза која користи вештачка интелегенција и податоци од земјата и сателит и ја има најточната временска прогноза.

Претставниците на Yandex во својата презентација се задржаа на предностите кои ги нуди нивниот софтвер за мапирање ставајќи акцент на учеството на корисници-волонтери кои можат да учествуваат во градење на мрежата и цртање на мапите.

- Advertisement -

„Ние сме регионален играч кој нуди услуги најмногу во поранешните советски републики и Турција, а полека се прошируваме и на Балканот каде прво почнавме да работиме во Србија. Моментално бараме нови региони каде би можеле да отвориме канцеларии и да понудиме колку што е поголем дел од нашите услуги. Земјите во овој регион се доста ветувачки за нас како компанија поради што би сакале да имаме присуство на овие пазари прво со софтверот за мапирање и навигација.“, изјавија претставниците на Yandex на денешниот настан.

Претставниците од Yandex се во Македонија на 20 и 21 Март, и ќе имаат повеќе средби и настани. Ќе се сретнат со претставници на Град Скопје, ЈСП, Катастар итн. Закажано е и предавање за студенти на информатички науки, како и средба со лица со попреченост околу додатокот за мапа и навигација со пристапни патеки за оваа категорија граѓани.

- Advertisement -

Официјален партнер на Yandex за Македонија е Гордиан Системи и ги организира нивните настани тука. Yandex го започнува својот влез во Македонија и планира сите овие услуги да ги направи оптимизирани за државата, во точни и прецизни информации.

За сега од Yandex не потврдија дали ќе отворат свои канцеларии во Македонија, туку планираат да започнат со оптимизирање на некои од своите услуги за користење во државата.

Сподели!
- Advertisement -