Што е потребно за некој да биде прогласен за најдобар работодавец во светот? Можеби треба на вработените да им се дозволи да преспиваат во текот на работниот ден, како што прави Google во канцелариите во Лондон. Компанијата-мајка на Google, Alphabet, е најдобриот работодавец во светот според податоцит собрани од Statista и магазинот Forbes за најдобрите јавно котирани компании во светот.
Statista анализираше повеќе од 360.000 предложени компании за листата. Со цел да ги оцени компании за најдобри работодавци вработените во компаниите требаше да ги оценат своите работодавци и да кажат кои други компании од нивната индустрија според нив се добри работодавци. Alphabet има оценка 100 од можни 100.
Меѓу некои од работите во кои уживаат вработените во Google се лизгалки поставени во канцеларии, изобилство од квалитетна храна, свежи сокови, кафе и се што ќе посакаат да јадат и да пијат. Сепак, иако ваквите бенефити привлекуваат најмногу внимание, всушност, истражувањата покажуваат дека вработените повеќе ги ценат добрата плата, шансите за напредок, почитта, довербата и добриот однос со колегите.
На второ место е ривалот од Силиконската Долина, Microsoft, со оценка 98,85. На трето место е јапонската компанија Japan Exchange Group, која има висока оценка посветеноста на обуки за вработените и флексибилното работно време. Јапонската компанија им плаќа по 2.700 долари на вработените годишно за да учат за да се доквалификуваат.
На четврто место е Apple со оценка 92,27, а на петто Nobe Energy со оценка 92,26. Наредна е Daimler со 91,60 од можни 100, па следуваат Williams 89,81, IBM со 88,46, Investor AB со 87,74 и LG со 87,63.
Освен што го истражуваа мислењето на вработените, Forbes и Statista исто така ја анализираа перцецијата на луѓе надвор од организациите. Нивната листа Top Regarded Companies дава сосема поинаква слика од листата според врабитените. Само 10 од работодавците на листата според вработените се најдоа и на оваа листа – Alphabet и Apple.
Statista побара мислење на 15.000 испитаници од 60 земји за бизнисите кои се на листата со најголеми јавно котирани компании во светот Forbes Global 2000. Компаниите се оценувани според довербата што ја влеваат, искреноста, општествената одговорност, компанијата како работодавец и перформансите на производите или услугите.
Германскиот гигант Siemens е на врвот на оваа листа и е една од вкупно 4 европски компании во првите 10. Сите четири европски компании – Siemens, Michelin Group (2-ро место), Carlsberg (6-то место) и Ferrari (8-мо место) – се глобално признаени брендови.
Моќта на брендот да создаде позитивна слика за една компанија се гледа од целосната лоста 250 Top Regarded Companies, на која доминираат силни брендови. Alphabet се наоѓа на 3-то место на оваа листа и е една од неколкуте компании кои имаат добри оценки и од вработените и од аутсајдерите. На четврто место е Nintendo, на петто Walt Disney, а втората петорка ја сочинуваат: Carlsberg, Apple, Ferrari, Hilton иPanasonic.
(World Economic Forum)