Со „Правниот калкулатор“ нема да бидете изненадени од трошоците за адвокат или нотар

- Advertisement -

Калкулаторот е резултат на заедничкиот труд на две заедници ентузијасти, Skopje Legal Hackers и WeTalkIT

Резултат на заедничкиот труд на две заедници ентузијасти, Skopje Legal Hackers и WeTalkIT е уникатната алатка Правен калкулатор, како и мобилните апликации за нејзино користење. Калкулаторот на многу едноставен начин ги пресметува сите трошоци за надоместоци, такси и други давачки при купопродажби на недвижен имот или возила, купопродажби со хипотека или залог, присилна наплата на фактури или за преддоговор.

- Advertisement -

Правните постапки и трошоците за нив се една од најголемите главоболки, но и непознаници за граѓаните. Огромен број од нив се присутни во секојдневниот живот и предвидуваат трошоци според различни тарифници на различни институции. Тоа е пречка граѓаните да можат однапред да ги предвидат издатоците од семејниот буџет кога започнуваат правна постапка.

Адвокатот Дејан Алексов од Skopje Legal Hackers за Иновативност вели дека целта за иницирање на соработката со WeTalkIT била да им помогнат на своите сограѓани и да придонесат за позитивни промени во општеството. Ова е прв нивен заеднички проект, но во иднина, најавува и други.

- Advertisement -

(Разговараше- Сања Наумовска)

  • Г-дин Алексов, кој беше мотивот да се создаде Правниот калкулатор?

Главниот мотив првенствено ни беше да ги поврземе правото и технологија и со тоа да поттикнеме развој на слични продукти во иднина. Низ ЕУ и светот постојaт многу продукти од оваа област кои покажуваат дека со помош на технологијата може да се олесни имплементацијата на правото.  Skopje Legal Hackers заедно со WeTalkIT ги здружија знаењата и дојдовме до заклучок дека Правниот калкулатор би бил бенефит за сите.

- Advertisement -
  • Како функционира оваа алатка?

Алатката е многу едноставна за употреба. Се одбира постапката која ве интересира и се внесува вредноста (вредноста на имотот, на возилото, на долгот итн). Врз основа на внесената вредност, во поставените формули согласно тарифите, калкулаторот пресметува износ на трошок за водење на истата постапка, и специфицира каде и колкав е трошокот.

  • Кои се придобивките за граѓаните од Правниот калкулатор?

Со оваа алатка, граѓаните ќе можат да добијат претстава за тоа колкави би биле трошоците, кога ќе сакаат да започнат некоја од постапките. Калкулаторот пресметува приближна вредност (поради постоењето на многу варијабли во реалноста сеуште немаме 100% прецизност), меѓутоа ќе им даде слика во однос на тоа дали одбраната постапка би чинела околу 1.000 денари или околу 20.000 денари.

Меѓутоа, калкулаторот треба да најде примена и кај адвокатите и кај нотарите.  Определени надоместоци кои им следуваат ќе можат да ги пресметаат со помош на алатката.

Тимот кој го направи калкулаторот на We Talk It
  • Зошто сметавте дека треба да понудите алатка токму за пресметка на овој вид трошоци?

Постапките кои што се опфатени во калкулаторот задираат во неколку видови на тарифи (адвокатска, нотарска, катастарска и др). Тоа се постапки кои што се навистина тешки за толкување за граѓаните кои немаат многу познавање од правото. Со Правниот калкулатор, на пример, доколку сакаат да започнат постапка за купотпродажба на имот, со едноставно внесување на вредноста на имотот, граѓаните ќе можат да видат колку би чинело составување на договор кај адвокат, солемнизација и останатите трошоци кај нотар, уписот во катастар и слично.

Теодора Николовска, дел од тимот WeTalk IT
  • Имате ли планови во иднина за доразвивање на идејата и во кој правец?

Апсолутно да. Правниот Калкулатор овозможува на многу лесен начин да се поставуваат нови постапки, како и да се прават измени на постојаните. Во моментов се прави стручен тим кој што работел на вакви постапки, со цел истите да се вметнат во калкулаторот и да се подобри прецизноста на постојаните. Наскоро би требало да додадеме и постапки поврзани со трошоците пред Централен Регистар, согласно тарифите.

  • Како дојде до соработката на WeTalkIT и Skopje Legal Hackers?

Со проектот Skopje Super Cup за бесплатно сместување, направен од WeTalkI , видовме дека таа заедница работи и на проекти кои помагаат на општествотото. Затоа ние од Skopje Legal Hackers им ја презентиравме идејата за Калкулаторот за да видиме дали би сакале да се вклучат и да ни помогнат да ја реализирамe. Идејата веднаш беше прифатена и се фрливме во организирање на хакатонот за што добивме инфраструктурна подршка од Сивус инкубаторот.

Сподели!
- Advertisement -