Во американскиот град Феникс почнаа да возат првите вистински беспилотни такси

- Advertisement -

Waymo, компанијата за беспилотни возила на Alphabet, сега по јавните патишта во Феникс, САД, има беспилотни возила без човек во возилата. Извршниот директор на Waymo, Џон Крафцик, тоа го најави денеска во својот говор на веб самит во Лисабон, Португалија.

ArsTechnica.co.uk пренесува дека изминатата година Waymo нудеше бесплатен такси превоз на луѓе кои живеат во близина на квартот Чендлер во Феникс. Се до неодамна во модифицираните беспилотни „крајслер пасифика“ на совозачкото седиште седеше вработен на Waymo во случај колата да има проблеми. Сега од Waymo се доволно сигурни во својата технологија за да ги пуштат возилата сами без човек во нив.

На почеток сите автомобили на Waymo ќе имаа вработен во компанијата кој ќе седи на задните седишта и ќе го следи однесувањето на автомобилот. Доколку има некаков проблем, ќе можат да го притисна копчето „застани“. Во текот на наредните месеци учесниците во оваа програма на Waymo ќе добијат опција да се возат во целосно беспилотно возило. Подоцна Waymo ќе лансира услуга комерцијални беспилотни такси за јавноста во Феникс и пошироко.

- Advertisement -

Поточно целосно беспилотните возила на Waymo ќе возат во мал дел од Феникс, односно во квартот Чендлер. Во таа зона автомобилите ќе возат секаде каде што одат обичните такси, но ќе го одбијат секое патување надвор од определената област.

Со цел да се олесни навигацијата на автомобилите Waymo има вградено тридимензионални мапи на областа во висока резолуција. Софтверот во автомобилите ќе ги споредува предметите кои ги идентификуваат сензорите по патот со мапите и брзо ќе разликува дрвја и згради од мобилни објекти како автомобили или пешаци.

- Advertisement -

Waymo го избра Феникс за тестирање на возилата најпрвин поради климата. Речиси секој ден таму е сончево и топло. Ретко кога има дожд, снег или мраз, иако од Waymo велат дека нивните автомобили безбедно возат и при слаб дожд. Освен временските услови, во Феникс има и широки улици и помалку сообраќаен метеж од повеќето поголеми градови.

Сподели!
- Advertisement -