Сите возови во Холандија сега возат на обновлива енергија

- Advertisement -

Холандија уште од 11-тиот век наваму генерира енергија од зелени извори како што е ветрот. Токму затоа е сосема логично што извршниот директор на една од најголемите железнички компании во Европа, Dutch Railways, Роџер ван Бокстел, се качи на ветерница додека објавуваше дека отсега сите возови на неговата компанија ќе возат на енергија од ветар.

Оваа компанија ги поседува речиси сите возови кои сообраќаат во Холандија. Во 2015 година компанијата соработуваше со снабдувачот на енергија Eneco за да се намали емисијата на штетни гасови од возовите. Нивната цел беше до октомври 2018 година сите возови да возат на обновлива енергија. Сепак, Eneco предвреме заврши со конструкцијата на некои од проектите за фарми на ветар. Токму затоа од пред неколку месеци сите возови во Холандија веќе користат само енергија од ветар, пренесува World Economic Forum.

- Advertisement -

Има неколку начини да се постигне тоа. Може компанијата да изгради фарми на ветар кои произведуваат доволно енергија за потребите на компанијата или да склучат договори со компании од светот кои ќе снабдуваат енергија. Но, таквите договори значат дека енергијата ќе треба да се пренесува од земја во земја, што е неефикасно затоа што се губи енергија по пат и е многу поскапо.

Eneco ги задоволува потребите на NS со комбинација од двете алтернативи. Има фарми на ветар во Холандија, Белгија, Финска и во Шведска, кои треба да генерираат 1,4 терават-часови енергија годинава. Сепак, бидејќи производството на фармите на ветар флуктуира, Eneco има склучено договори со други компании.

- Advertisement -

 

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -