Македонија домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан

- Advertisement -

Република Македонија во пролетта 2018 година ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за земјите од Западен Балкан

Денес беше одржана заедничка прес-конференција во Владата од страна на министерот за надворешни работи и министерот за информатичко општество и администрација. Според министерот за надворешни работи Никола Димитров, самитот бил договорен неодамна на состанок на Регионалниот совет за соработка во рамки на Берлинскиот процес, а поддржан од германското Министерство за економија и енергетика.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ги презентирал можностите на саемот пред претставници на бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество што работат во областа на информатичкото општество.

- Advertisement -

„Дигиталниот самит предвидува и експо дел за дигиталните компаниите да имаат можност да ги претстават своите остварувања. Ова ќе претставува единствена можност за македонските сопственици на ИТ компании, образовни ИТ институции, иноватори и претприемачи, да ја презентираат својата работа и да остварат соработка со лидерите од оваа област во регионот, како и да го прошират својот бизнис во регионот и во ЕУ.“, изјави министерот Манчевски.

Самитот е прв од ваков вид и профил во регионот и ќе го претстави регионот во позитивно светло како интегрален дел од процесите на глобално ниво и како дел од растечкото дигитално семејство, а е во контекст на воспоставувањето дигитален пазар како една од приоритетите на ЕК за периодот 2015-2019 година.

- Advertisement -

На самитот ќе биде организиран и посебен дел посветен на појавата на лажните вести.

Сподели!
- Advertisement -