Таписерија за ѕид ги претвора Wi-Fi сигналите во уметнички дела

- Advertisement -

Една од причините зошто пристапот до Интернет го сфаќаме како нешто што мора да го имаме, е затоа што е Интернетот е невидлив. Овој концепт за таписерија ги менува боите во согласност со патувањето на безжичните сигнали низ собата. WiFi Tapestry е дело на Ричард Вијген, кој ја опишува својата компанија за дизајн како студио за современа информациска култура.

Како што пишува PSFK, Wifi Tapestry е озвучена за да ги слуша сите информации кои патуваат низ просторот по 13 канали од спектарот од 2,4GHz. Кога ќе детектира трансфер, жиците ги активираат влакната. Термохромското предиво ја менува бојата од темно сина до сребрена и обратно како реакција на протокот на податоци. Вијген неговата креација ја споредува со видливи траги на невидлива димензија која постепено се формира и избледува.

Сподели!
- Advertisement -