Новото возило на Volvo, V90 Cross Country Ocean Race, сега е опремено со ентериер кој е направен од отпад од океани. Козметички брендови, Adidas, Stella McCartney и стартапот Bakelight се само некои од компаниите кои сериозно ги сфаќаат проблемот со отпадот од океаните.
Новиот модел на Volvo ги има оригиналните елементи на V90 со некои забележителни подобрувања на естетиката и други модификации. Материјалот кој е искористен за подовите е направен од „еконил“. „Еконил“ е материјал направен од најлон од стари фрлени мрежи на дното на океаните и се 100% рециклирани.
PSFK информира дека автомобилот ќе се продава на 30 пазари во Европа, Средниот Исток, Африка, САД, Јапонија и во Кина. Настанот кој го организира Volvo секоја година, The Ocean Race, односно трка со јахти, годинава е во знакот на новата определба на компанијата – одржливоста. Секоја јахта ќе биде опремена со сензори кои ќе ќитаат што има на дното на океаните со цел да се собере пластичен отпад за рециклирање.