Патниците во Германија први ќе можат да патуваат со возови кои за гориво користат водород. Француската компанија Alstom соопшти дека потпишала договор за испорака на 14 такви возови на железничката компанија LNVG со седиште во Долна Саксонија до 2021 година.
N1.info пишува дека возовите ќе почнат да сообраќаат меѓу неколку градови на северот на Германија од декември 2021 година. Од Alstom наведоа дека возовите по име Coradia iLint ќе можат да возат до 1.ооо километри со максимална брзина од 140 километри на час.
Моторите на водород испуштаат само водена пареа и се сметаат за превозно средство кое најмалку ја загадува животната средина. Планирано е водородот да се произведува со користење електрична енергија од бројните ветерници во Долна Саксонија.