Се зголемува побарувачката на „храна за носење“

- Advertisement -

 

ИГД прогнозира дека британскиот сектор „храна за носење” ќе се зголеми за повеќе од една третина во следните пет години, односно ќе достигне до 23,5 милијарди фунти (околу 26,3 милијарди евра).

Кафетериите и специјализираните продавници го имаат најголемиот пораст – тие остварија продажба од 17,4 милијарди фунти (околу 19,4 милијарди евра), што е последица од порастот на популарноста на тие формати на продавници, пренесува магазинот InStore.

- Advertisement -

Малите продавници и супермаркетите, исто така, уживаат во стапките за пораст од околу 6%.

Тоа што го гледаме е сè поголем број на трговци, специјални продавници и доставувачи, кои гледаат како да ги искористат предностите што ги нуди сегментот „храна за носење”. Познато е дека потрошувачите почесто одат да купуваат, големината на потрошувачката кошница се намалува и оти сè почесто во продавниците може да се најде „храна за носење”, која станува природен дел од нив, велат од ИГД.

Сподели!
- Advertisement -