Како да ја придобиете публиката на LinkedIn?

- Advertisement -

LinkedIn е социјална мрежа со неверојатен потенцијал за бизнис светот, а вие како бренд токму преку оваа социјална мрежа можете да ја интензивирате вашата маркетинг стратегија на начин на кој не би можеле на Facebook или Twitter.

Потребно е да бидете внимателни во пристапот, аналитични и да ја придобиете вашата таргет публика. Еве шест начини како да го направите тоа.

1. Оптимизирајте го LinkedIn профилот

- Advertisement -

Профилот на вашиот бренд мора да биде лесен за пронаоѓање, односно потребно е да одберете клучни зборови поврзани со вас, па кога заинтересираните ќе го пребаруваат вашиот бизнис на мрежата, со помош на клучните зборови веднаш ќе им се појави вашиот LinkedIn профил во резултатите.

2. Проширете ја мрежата

- Advertisement -

Пристапете им на пријателите на вашите пријатели, поканете ги на LinkedIn сите контакти кои ги имате на електронската пошта и следете ги сите оние кои се во вашата сфера. Не треба да ви биде незгодно, поканете ги сите, па секој кој доброволно ќе прифати, уште во старт ќе чувствува одредена доверба. Понатаму останува на вас да ги градите врските.

3. Содржина

- Advertisement -

Секако, кога веќе сте во центарот на вниманието, мора да понудите содржина која ќе ве опише и најдобро ќе покаже што нудите и колку тоа би им е исплатило на потенцајлните корисници. Вложете труд во содржината и бидете детални и јасни.

4. Користете препораки

Кога LinkedIn ќе ви препорача одредена понуда, искористете ја. Сфатете ги понудите како бесплатни и корисни совети со кои ќе станете уште повидливи и ќе ја проширите мрежата помеѓу оние на кои се обраќате. Со самото тоа, ќе го зајакнете вашиот бренд.

5. Напредно пребарување

Понекогаш ова е понудено на мрежата и пожелно е да се искористи бидејќи оваа платформа подетално ги наоѓа луѓето кои се поврзани со она што вие го работите, а на тој начин ќе имате поголема таргет публика. Затоа, внесете повеќе фактори за пребарувањето бидејќи така го стеснувате изборот и добивате поголеми шанси за успех помеѓу корисниците.

6. Ценете ја поврзаноста

Не заборавајте ги личностите со кои сте се поврзале и комуницирајте со нив колку што можете повеќе со цел да стекнат доверба кај вас и да ја продлабочите врската која ја имате со нив. Затоа бидете активни во коментарите и одговарајте на пораките кои ви пристигнуваат.

Сподели!
- Advertisement -