Татковците во Шведска се почесто одат на родителско отсуство

- Advertisement -

Татковците во Шведска користат родителско отстуство, кое со закон им е дозволено повеќе од кога било во историјата на оваа скандинавска земја. Како што пишува Anadolija, Агенцијата за социјално осигурување на Шведска соопштува дека во земјата во текот на претходните десет години постојано расте бројот на мажи кои користеле породилно боледување, односно родителско отсуство.

Се наведува дека денес татковците користат речиси 30% од родителското отсуство кое со закон им е дозволено во земјата. Според статискичките податоци, татковците користат 27,6%, а мајките останатите 72,4% отсутво, додека пред десет години татковците користеле околу 20%, а мајките останатите 80%.

- Advertisement -

Шведските родители добиваат околу 480 дена породилно отсуство по дете со исплата на 80% од платата. Инаку, од родителите во Шведска се очекува да го распределат породилното отсуство во најголема можна мера, додека секој од родителите мора да искористи најмалку 90 дена од тоа боледување. Шведска беше првата држава во светот која породилното отсуство го замени со родителско отсуство.

Сподели!
- Advertisement -