Google со балони обезбеди Интернет за 100.000 Порториканци

- Advertisement -

Поминаа речиси два месеци откако ураганот Марија до разори Порторико, а островот уште е далеку од закрепнување. Најголем дел од жителите имаат пристап до вода за пиење, но повеќе од 25% од луѓето и понатаму се без комуникација со остатокот од светот. Google им помага со проектот Loon.

Компанијата мајка на Google, Alphabet, се обидува да овозможи пристап до населението на Порторико со пуштање балони за LTE мрежа. Тие балони веќе се во воздух од октомври, а по неколку недели обезбедување услуги од Alphabet тврдат дека напорите се исплатиле затоа што балоните веќе овозможиле конектирање на Интернет за повеќе од 100.000 луѓе. 

- Advertisement -

Klix.ba информира дека тимот кој го води проектот Loon соработува со телеком операторите AT&T и T-Mobile, со чија помош ги пушта балоните кои емитуваат LTE сигнали. Овој проект е клучен за луѓето кои се уште немаат норламен пристап до комуникациски системи.

Сподели!
- Advertisement -