Десет подкасти кои ќе го променат начинот на кој размислувате!

- Advertisement -

Кога станува збор за секојдневните обврски на луѓето во светот, секој има толку многу нешта кои треба да ги заврши, а толку малку време. Постои начин на кој можете да ги исклучите вашите мисли и за момент да се оттргнете од обврските, а при тоа сè уште да го користите својот ум. Подкасти!

Подкастите исто така се и начин на кој можеме да бидеме во тек со она што се случува во светот. Без разлика дали вашите интереси вклучуваат политика и правда, патување и љубов, или нешто друго – слушањето подкасти може да биде релаксирачко и забавно. Во зависност од тоа колку внимателно ќе обрнете внимание на содржината на подкастот, тој всушност може да го промени и начинот на кој размислувате за животот.

- Advertisement -

1. Go behind the scenes into the minds of prisoners.

Подетално за оваа содржина можете да прочитате и во книгата Prisson Letters од доктор Марк Гулстон кој е сертифициран психијатар и обвинител. Тој стана автор на бестселери користејќи го своето широко искуство, но и поради тоа што постојано добивал писма од затвореници од кои некои одлежуваат и доживотни затворски казни.

- Advertisement -

Што е она поради што овие луѓе станале криминалци? Што е она поради што одлучуваат да нанесат повреда или дури да убијат човек? Низ подкастот тој ги оживува овие приказни на начин преку кој слушателот е шокиран и почнува да размислува за судбината на затворениците поради нивните дела.

2. Understanding human behavior and the explanation for some of the reasoning.

- Advertisement -

Овој подкаст уште е наречен „разговор за невидливите патеки на животот“ и им помага на слушателите да го разберат човечкото однесување и причините за однесувањето. Според синопсисот, авторот користи наука и раскажување кои ги откриваат несвесните одлуки кои го обликуваат човечкото однесување.

„Постојат човечки карактеристики кои ги формираат нашите избори и насоки во кои се движат нашите врски.“ Комбинирањето на уметноста, музиката и литературата со доза на психологија и невробиологија, Шанкар Ведантам ги носи слушателите на пат на себеоткривање.

3. Answers behind many questions.

Доктор Скот Бери Кауфман зборува за психологијата на човековите искуства во овој подкаст. Тој секогаш има соговорник со кој се обидуваат на слушателите да им дадат одговори на секое прашање кое се однесува на нивното однесување, ум, мозок и креативност. Тој секогаш оди чекор подалеку и им потенцира на слушателите да ги истражат своите бескрајни потенцијали и можности.

4. Riddles of everyday life and the weird wrinkles of human nature.

Што е она што може најмногу да го промени начинот на кој размислувате за животот од неочекуваните разговори? Ова е дијалог кој ги истражува неколкуте страни на нашите животи и човечката природа. Авторот Стивен Џ. Дабнер кој е еден од двајцата автори на бестселерот Freakonomics, ќе направи да размислувате за овие нешта додека тој си разговара за навидум едноставни теми со коавторот на книгата, Стивен Левит.

5. Do you know what moment changed your life?

Водителот Брајан Копелман го води овој подкаст во форма на интервју. Тој зборува со своите соговорници за клучни моменти кои предизвикале пресврт во нивните кариери. Слушателите се сведоци на спектар од приказни од кои лесно можат да се инспирираат.

6. Money troubles? Rich or poor, don’t we all?

Дејв Рамзи им помага на милиони слушатели да ги надминат своите финансиски проблеми благодарение на неговиот подкаст. Им помага да најдат решение на прашања поврзани со парите и да пронајдат подобар начин кон финансиска слобода. Не само што дава совети за пари, тој всушност дава и животни совети.

7. Marriage and relationships. Who knew?

Понекогаш подкастите можат да ни делуваат како огледало. Некогаш работите се навидум совршени – но можеби се перципираат за да изгледаат така. Секогаш постои простор за подобрување. Во овој подкаст, Ник Павлидис им нуди искрена и отворена дискусија на слушателите за тоа што да прават со нивните бракови и животи.

Резултатот од неговиот навидум совршен брак е тоа што го натерало да размислува што е она што недостасува. Овој подкаст е за оние кои се подготвени да преземат лична одговорност во подобрувањето на нивните врски.

8. No, I don’t think I would ever bring that up in a conversation.

Водителот на овој подкаст е Ана Сеил во кој таа ги открива длабоките прашања и неискажаните вистини кои понекогаш се избегнуваат во разговорите во животот. Таа разговара со познати личности, но и со не толку познати на теми како врски, пари, семејства, работа и останати нешта кои се значајни.

9. What do you really think about life? Can what you think change?

Патрик Вајман, кој е доктор на науки, преку овој подкаст го истражува минатото и што тоа значи во однос на сегашноста. Именувајќи ги „ехо на минатото“, нешта кои се случиле во историјата повторно се разгледуваат во подкастот, како и нивното влијание на денешни случувања за кои сметаме дека се важни почнувајќи од тоа како се молиме до тоа како ги одгледуваме нашите деца. Навистина ќе го промени вашето размислување за животот.

10. “Never felt better,” and other lies.

Овој подкаст е да ви покаже дека не треба секогаш да кажувате дека сте во ред – само поради формалност. Водителот и авторот Нора МекАјнери зборува отворено и искрено за тоа како болката може да биде адресирана на најефективен начин. Подкастот отвора подлабоки димензии од прашањево без разлика дали се работи за комфорно прашање или не.

Содржината на овие десетина подкасти навистина ќе ве поттикне барем да размислувате за нешто поразлично, можеби дури и да го промени начинот на кој размислувате воопшто. Преку идеи и дијалози кои ќе поттикнат уште подлабоки дискусии, ќе ве инспирираат да промените нешто во вашиот живот.

(Entrepreneuer)

Сподели!
- Advertisement -