Кина отвора масивен парк за виртуелна реалност

- Advertisement -

Во декември во кинескиот град Гуијанг ќе биде отворен масивен пар за виртуелна реалност. Паркот се вика East Valley of Science and Fantasy, а е дизајниран да биде вистински свет на научна фантастика. Паркот ќе содржи сали за виртуелна реалност, кина, ресторани и дел за забава за деца.

Уште пред неколку недели на Интернет протекоа фотографии од паркот на кој се гледа еден робот висок 50-ина метри и неколку згради кои личат на всленески бродови на вонземјани. Се на се, паркот игледа импресивно кога се гледа со обични очи, а можеме само да замислиме како е да се гледа во VR. Според информациите, изградбата чинела 1,5 милијарди долари.

- Advertisement -

Како што пренесува The Next WEb, дел од паркот ќе биде отворен во декември. Посетителите по влегувањето во паркот ќе добијат очила за виртуелна реалност преку кои ќе можат да ја набљудуваат вселената, да разговараат со вонзејмани и да се возат на виртуелна луда железница. Не  е познато што од тоа ќе биде достапно на почеток..

Сподели!
- Advertisement -