Apple конечно го отвори кампусот Apple Park за јавноста

- Advertisement -

Големиот проект на Стив Џобс конечно е подготвен да се отвори за јавноста, но мроа да појдете до Купертино за да го видите. Се разбира, тоа е кампусот Apple Park  во форма на вселенски брод. Иако вработените се вселија пред неколку месеци и Apple го претстави најновиот iPhone X во театарот „Стив Џобс“ во паркот, досега ниеден дел од кампусот не беше отворен за очите на јавноста.

Пред два дена Apple официјално ги отвори вратите на Apple Park Visitor Center, пренесува Mashable. Во негови рамки има дел за купување сувенири, кафетерија и дел од покривот, првите посетители ги прескокнаа сите изложени iPhone X, Apple Watche и MacBook и отидоа најпрвин да купат маички, облека за бебиња, чанти и разгледници.

- Advertisement -

Маичките се продаваат по 40 долари, а имаат едноставно лого на Apple или на Apple Park. Некои имаат ретро лого со виножито и тие беа особено популарни. Чантите се по 25 долари, облеката за бебиња е 20 долари, обичните капи (црни и бели) се по 40 долари. За вистинските љубители на брендот има и сет од разглецници по цена од 20 долари или помали по цена од 10 долари.

Во кафетеријата има епресо бар каде што се служат грицки, но не и кафе. Нема менија, нема каси, само еден куп iPad. Има голем простор за седње внатре или надвор. Веднаш по кафетеријата има изложбен простор со 3Д модел од „вселенскиот брод“ на Apple. Посетителите не можат да го видат остатокот од кампусот во живот, но можат да го разгледаат моделот и ао апликација за засилена реалност да го посетат. Треба само да го поставите iPad пред моделот и апликацијата ќе ве однесе внатре.

Сподели!
- Advertisement -