ВИДЕО: Автобусите во Лондон почнаа да возат на гориво добиено од кафе

- Advertisement -

Дел од автобусите во Лондон од денес ќе се движат на биогориво кое се добива од остатоци на кафе. Ова биогориво е “дело“ на „Био-бин“, компанија која зема дел од отпадот од кафе од синџирите на кафулиња и од фабриките за кафе, го суши материјалот и го извлекува маслото од него, кое е основа за производство на ова еколошко гориво. Со комбинацијата од масло и дизел-гориво го создава новото Б20 гориво, односно гориво што се добива со мешање со класичниот нафтен дизел.

Лондонските автобуси можат да возат на Б20 без дополнителни  инвестиции во постојниот возен парк. Моментно тие имаат произведено 6000 литри од тоа масло, што е доволно за движење на еден автобус за цела година откако ќе се измеша со дизел-гориво. Амбиционзиот план е да се произведе доволно масло за придвижување на една третина од лондонските автобуси.

Сподели!
- Advertisement -