Кинески Tencent сега вреди повеќе од Facebook

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант Tencent, чиј бизнис, меѓу другото, опфаќа социјални мрежи и видеоигри, достигна пазарна вредност од 531 милијарди долари, со што го надмина глобално популарниот Facebook.
Компанијата е послабо позната во Кина, но на домашниот пазар е најпрепознатлив по апликацијата за бесплатни повици и испраќање мултимедијални содржини WeChat, која исто така бележи значителен раст.

Акциите на компанијата на берзата во Хонгконг годинава ја дуплираа својата вредност, а заработката од нив редовно ги надминува очекувањата. Тencent инвестираше и значителни средства во индиската платформа за услуги за превоз Ola, која минатиот месец објави дека собрала 1,1 милијарди долари свеж капитал за ширење на бизнисот. Освен Tencent, меѓу позначајните инвеститори е јапонската банка Softbank.

- Advertisement -

Со вредност од 531 милијарди долари, Tencent моментално е една од петте највредни компании во светот. Го надминува Facebook, чија вредност се проценува на 519 милијарди долари, но и понатаму е значително помалку од лидерот Apple, чија вредност изнесува 873 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -