TIP OF THE WEEK од денеска е на најпопуларната платформа за креативни проекти Kickstarter

- Advertisement -

Денес беше лансирана кампања за финансирање на интернационалното издание на Tip of the week® на глобалната платформа, Kickstarter. Целта на проектот е во период од еден месец да се соберат 8.000 долари за да се издаде издание на англиски јазик и да се развие Tip of the Week® концептот на интернационалниот пазар. Сите заинтересирани индивидуалци и компании можат да го поддржат проектот со минимален износ од еден долар или да бираат помеѓу понудените пакети во зависност од висината на влогот, откако ќе биде лансирана кампањата на следниов ЛИНК.

„Прекрасно е чувството кога проектот кој го започнавме уште во 2010 во Македонија како една наша иницијативна со испраќање на неделни совети секој четврток, а потоа постепено го  развивме и во регионот, денес ќе може да биде презентиран пред многу поширока читателска публика во светот. Интернационалното издание ќе соддржи 40 совети од успешни професионалци од Балканот и ќе биде надополнето со многу практични примери и самоевалуациони вежби. Со цел проектот да успее, поддршката од Македонија и дијаспората ни е особено важна.“ – велат главните креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

- Advertisement -

Искрено Ви благодариме однапред на поддршката и ќе ни значи многу доколку ја споделите информацијата со вашите пријатели и секој кој би бил заинтересиран да ја поддржи оваа наша иницијатива.

Се радуваме на можноста Tip of the Week® да презентира уникатна перспектива на успешното работење на професионалци од Балканот.

Сподели!
- Advertisement -