Костарика рекордни 300 дена користи само „зелена“ енергија

- Advertisement -

Освен што е тропски рај и обожавана туристичка дестинација, Костарика се става на мапата на еколошки најосвестените земји. Земјата  одгледува сопствени шуми, ја забрани употребата на пластика и досега веќе 300 дена троши само чиста енергија

EcoWatch пишува дека Институтот за електрична енергија на Костарика го објави тоа достигнување заедно со бројки добиени од Националниот центар за енергетска контрола, според кои земјата работи речиси 100% на обновлива енергија.

Ова не е прв пат Костарика да користи обновлива енергија подолг период. Во 2015 година тие истото го направија во текот на 299 дена, а во 2016 година во период од 271 ден. Сега поставуваат нов рекорд и лесно ќе продолжат така до крајот на годинава.

- Advertisement -

Во 2017 година Костарика добиваше обновлива енергија од два главни извори. Хидроенергијата годинава изнесува 78,26% од вкупната енергија, додека остатокот е 10,29% од ветар и 10,23% е геотермална енергија. Само 0,84% се од биомаса и соларна енергија. Земјата има 16 фарми на ветар кои произведоа вкупно 1.014,82 гигават-часови, што е голем раст на секторот.

Сподели!
- Advertisement -