ВИДЕО: Со ZozoSuit се што ќе нарачате онлајн совршено ќе ви стои

- Advertisement -

Доколку некогаш сте нарачале нешто онлајн, знаете колку често се разочарувате кога некое парче облека или чевли не ви стојат како што сте очекувале. Можеби ви се предолги, прекратки, прешироки или претесни. Честопати димензиите кои се напишани на сајтовите не се прецизни, па мора да го вратите назад тоа што сте го нарачале. Една технолошка компанија од Нов Зеланд сака да ве спаси од таквите проблеми.

Компанијата StretchSense со седиште во Оукленд го креираше ZozoSuit, пишува Digital Trends. Високотехнолошкиот комбинезон има за цел да се осигура дека облеката што ја нарачувате онлајн е како скроена за вас. Комбинезонот изгледа како нуркачки костим, а содржи 150 сензори кои собираат прецизни податоци за мерките на вашето тело. Потоа преку апликација тие информации се испраќаат заедно со вашата наредна нарачка. Специјалниот костим треба значително да го зголеми задоволството на купувачите и истовремено да го спаси продавачот од повторно процесирање и враќање на нарачките.

Сподели!
- Advertisement -