Facebook лансираше алатка за поврзување на корисниците со ментори

- Advertisement -

Менторите играат битна улога во помагање на луѓето да ги достигнат своите цели. Сега Facebook сака да помогне да се воспостават такви врски на едно место. Гигантот за социјални медиуми лансираше нов производ наречен „Менторство и поддршка“ (Mentorship and Support), кој ќе ги поврзе корисниците со ментори, кои ќе ги посоветуваат и ќе ги поддржат кога има потреба. Целта е да се конектираат луѓето кои имаат слични искуства, но не се познаваат лично.

За оваа алатка Facebook склучи партнерство со непрофитни организации кои веќе спојуваат ментори со ученици, но ќе го користат Facebook за да направат програма чекор по чекор прилагодена на потребите на тие што бараат менторство. Пилот програмата ќе почне со две непрофитни организации: iMentor за едукативно менторство и International Rescue Committee за менторство во кризни ситуации.

- Advertisement -

iMentor ги поврзува средношколците со ментори со високо образование кои ќе им помогнат да си го најдат патот до колеџ. International Rescue Committee, пак, лансираше нова програма за менторство и помош за бегалците кои се раселени во САД. Новата алатка на Facebook овие две програми ќе ги донесе онлајн и ќе се олесни поврзувањето преку посебна страница и програма. За да се осигура приватноста и безбедноста, новата алатка ќе биде достапна за лица од 18 години нагоре. Крајната цел на алатката е да им олесни на луѓето да станат ментори или да најдат ментор.

Сподели!
- Advertisement -