Германскиот супермаркет Aldi направи вино и пиво за мачки и кучиња

- Advertisement -

Германскиот синџир дисконтни супермаркети Aldi на домашните миленици и на нивните сопственици им даде уште една причина за славење оваа празнична сезона – направи вино и пиво за мачки и кучиња, кои ќе почнат да се продаваат во супермаректите во Обединетото Кралство, а пишува PSFK.

Вкусните пијалаци не содржат алкохол,  не се газирани и се безбедни за домашните миленици. За кучињата тука е Bottom Sniffer, пиво кое изгледа исто како пивото за нас, но е направено од мешавина од малтоза од овес, вода, глуварче, коприва, ленено семе и има вкус на пилешко месо.

- Advertisement -

За мачките тука е Pawsecco, пијалак сличен на вино, кој го има во розе и бела варијанта. Наместо грозје, кое може да биде отровно за домашните миленици, Pawsecco исто така е направено од мешавина од тревки: коприва, женшен, цвет од лимета и бозд.

„Во Обединетото Кралство има 16 милиони мачки и кучиња. Ние сме нација опседната со нашите миленици и од разговори со нашите купувачи дознавме колку голем број од нив сакаат да ги почестат своите миленици со нешто кога има специјална пригода, особено за Божиќ“ велат од Aldi UK.

- Advertisement -

Купувачите во Обединетото Кралство ќе можат да ги купат овие пијалаци за специјални пригоди почнувајќи од 7 декември. И двата пијалаци ќе се продаваат по цена од околу 3 евра и се дел од еден цел асортиман од грицки и други награди за домашните миленици кои маркетот ќе ги нуди годинава.

Сподели!
- Advertisement -