Новите батерии на Samsung ќе се полнат за само 12 минути

- Advertisement -

Samsung го објави најновото откритие на Институтот за технологија на Samsung – таканаречената графенска топка. Новата батерија која ја користи оваа технологија се полни дури 5 пати побрзо од литиум-јонските батерии коишто ги имаат најголем дел од современите мобилни телефони. Графенот, исто така, го зголемува капацитетот на батериите за 45%.

„Теоретски, на графенската батерија и се потребни само 12 минути за целосно да се наполни. Батеријата може да одржи стабилна температура од 60 степени Целзиусови, што е апсолутно совршено за електричните возила“ се наведува во медиумите.

- Advertisement -

Од Samsung тврдат дека графенот е сто пати поефикасен од бакарот, па поради тоа претставува совршен материјал за брзо полнење. Сепак, иако станува збор за револуционерна технологија, таа уште е во фаза на развој. Се што е познато засега е дека научниците од Samsung сметаат дека батериите со графенска топка имаат голем потенцијал за примена во мобилни уреди.

Сподели!
- Advertisement -