Ова е процесот што треба да го минете ако сакате да работите со Илон Маск во SpaceX

- Advertisement -

Поранешниот вработен во SpaceX, Џош Боем, во разговор со Business Insider рече дека процесот на интервјуирање за работа во компанијата може да биде напорен. Како кандидат, мора да минете од седум до осум интервјуа во живо, а ако не му се допаднете на само еден од оние кои ќе ве интервјуират, нема да ја добиете работата.

Одамна се знае дека работењето во SpaceX покрај Илон Маск може да биде напорно, но изгледа предизвикувачките ситуации започнуваат многу поради пред да ја добиете работата.

- Advertisement -

„Имаше многу строга процедура за вработување. Илон и Гвин Шотвел, извршната оперативна директорка на компанијата, уште од почетокот на компанијата кажаа јасно дека се заинтересирани да ги вработат само најголемите таленти.“, раскажува Боем во интервјуто.

Еве кои се чекорите од кои се состои процесот на избирање кандидати според Боем кој бил вработен во компанијата од 2013 до 2016 година.

- Advertisement -

1. Одделот за човечки ресурси прво избира неколку професионални биографии од сите кои ги добиле.

2. Кандидатите добиваат од два до четири телефонски повици за да се види дали ќе се квалификуваат за интервју во живо.

- Advertisement -

3. Кандидатите кои ги минале телефонските интервјуа, доаѓаат на целодневен престој во кампусот на SpaceX за серија интерјвуа во живо со луѓе со кои би можеле да работат.

4. Оние кои ги спроведуваат интервјуата разговараат со кандидатите во парови во сесии кои можат да траат и до осум часа.

5. На половина од интервјуто, кандидатите добиваат пауза за ручек и ја разгледуваат целата компанија. После ова почнува вториот дел од интервјуто.

6. Ако само една личност изрази сомнеж за способноста на кандидатот, интевјуто се прекинува, а кандидатот го испраќаат дома.

„Кога започнав да работам, беше фрустрирачки на моменти. Водев тим за софтверска контрола на квалитет, а имавме потешкотии во наоѓањето ресурси. Понекогаш минувавме и по 12 часа на работа, а често пати останувавме и преку ноќ.“, додава Боем.

Но и покрај напорниот распоред, Боем вели дека уживал во времето минато во компанијата и уште би работел таму доколку не се решил да стартува своја компанија.

„Доколку постоеја повеќе од 24 часа во денот, би останал да работам таму. Навистина атмосферата е прекрасна и верувам во мисијата на SpaceX.“, заклучува тој.

Сподели!
- Advertisement -