Messenger Kids, новата апликација на Facebook наменета за деца од шест до дванаесет години, им овозможува на младите корисници да комуницираат со своите пријатели, да остваруваат видео повици со филтри и да испраќаат приклади GIF-ови
Facebook објави дека апликацијата има посебна заштита со цел платформата да биде сигурна и приватна. Апликацијата ја инсталираат родителите кои воедно ја и подесуваат апликацијата, а мораат да бидат и пријатели на мрежата со детето. При тоа, профилите на децата не излегуваат во резултатите од пребарување поради сигурносни причини.
„Сигурноста е апсолутна најважна, како и тоа да знаеме кој ја користи апликацијата. Можноста да се поврзуваат само со одобрени контакти е исто така важна за оваа возраст“, изјавила дизајнерката на апликацијата, Лоредана Крисан.
Децата нема да можат да пристапуваат до профилите на социјалната мрежа на своите родители и нема да имаат сопствен профил бидејќи правилата на мрежата наложуваат минимум 13 годишна возраст за да може да се пристапи на истата.
Facebook за сега вели дека ќе собира многу малку информации за младите корисници и апликацијата нема да прикажува реклами. Ќе има алатки за пријавување на несакана содржина и опција блокирање на корисник.
Според компанијата, ова е начин како децата да останат во контакт со сите свои пријатели и семејство на забавен и контролиран начин. Ова е исто така дел од стратегијата на Facebook да го зголеми бројот на своите корисници на 2 милијарди.