Economist Intelligence Unit оценуваше 34 нации според отпадот од храна што го произведуваат, влијанието на земјоделството врз околината и квалитетната исхрана како дел од новиот индекс Food Sustainability Index. Неколку други европски земји се најдоа во првите 5 на листата. Тоа се Германија, Шпанија и Шведска, додека Јапонија е на второ место по одржливоста на храната. Иако важи за високоразвиена земја, САД е на 21-вото место подари преголемата консумација на месо, шеќер и заситени масти. Лошото менаџирање со почвата и употребата на вештачко ѓубриво е уште една причина за лошата позиција.

Интересно е тоа што многу богатите Обединети Арапски Емирати се на последно место. Отпадот од храна во земјата изнесува дури 1 тон по лице годишно. ОАЕ имаат и висока стапка на гојазност, а земјоделскиот сектор ги троши залихите од вода. Како што информира Inhabitat, 815 милиони луѓе се засегнати од гладот во светот, што е повеќе од 1 од 10 луѓе на Земјата. Отпадот од храна исто така е одговорен за голема количина од стакленичките гасови на депониите и е третиот најголем извор на загадување во светот после Кина и САД.

- Advertisement -

Повеќе од 1,4 милијарди тони отпад од храна се фрла секоја година на глобално ниво, а според Светска банка тоа е околу 1/4 или 1/3 од вкупно произведената храна во светот. Само во Франција 7,1 милиони тони отпад од храна се фрлаа пред да биде донесен новиот закон во 2016 година.