Во овие градови туристите трошат најмногу пари

- Advertisement -

Дубаи e сериозно напред пред сите други градови кога стaнува збор за парите кои ги потрошиле посетителите на градот. Можеби причината за тоа е фактот дека во Дубаи и банкомати кои даваат чисто злато. Како што пишува Светскиот економски форум, минатата година 14,9 милиони посетители во Дубаи потрошиле дури 28,5 милијарди долари според Mastercard Destination Cities Index.

Иако Њујорк и Лондон се магнети за туристи кои бараат шопинг,  двата града заостануваат зад Дубаи со 17,02 и 16,09 милијарди долари кои ги потрошиле туристите. Додека Бангкок е најпопуларна дестинација за туристи на глобално ниво, со 19,4 милиони посетители лани, туристите таму потрошиле половина од тоа што го потрошиле во Дубаи.

- Advertisement -

Речиси 90% од посетителитe во Дубаи таму отишле за забава, не за бизнис, а очигледно најголем де од таа забава е шопингот. Туристите во Дубаи трошат дури 31% од буџетот на шопинг, а 29% за сместувањето. Споредено со Париз, каде што посетителите трошат дури 45% од буџетот на сместување, а само 16,6% на шопинг Во Њујорк, пак, туристите трошат 31,8% на сместување, а 21,4% на шопинг.

Дубаи дефинитивно знае како да ги натера луѓето да трошат пари. Градот има дури 70 шопинг центри каде што се продава злато, накит, парфеми, килими, зачини итн. Исто така, тука е најголемиот шопинг комплекс по површина во светот, Dubai Mall, како и два шопинг фестивали.

- Advertisement -

Од другите градови во светот, Осака во Јапонија е брзорастечка туристичка дестинација. Букурешт е најбрзорастечка туристичка дестинација во Европа, а Мајами ја има таа позиција во Северна Америка. Меѓу топ 10 најпосетени градови во светот, Њујорк е единствениот кој годинава забележа пад на бројот на туристи.

Сподели!
- Advertisement -