Пред одреден период можевме да прочитаме за неверојатниот успех кој Македонецот Климе Ковачески го постигна со неговиот ресторан во Мајами, заедно со неговата сопруга Анита Ковачески. Деновиве, ресторанот Crust се најде помеѓу најдобрите 100 ресторани во САД.
Станува збор за модерен ресторан кој служи италијанска храна. Се најде на листата наречена Open Table’s 100 Best Restaurants in America која се подготвува врз основа на рецензиите кои рестораните ги добиваат. Станува збор за податоци од 12 милиони гости за вкупно 26 000 ресторани ширум САД, пишува Miami.com
Ресторанот на Ковачески, Crust, е рангиран заедно со останати два ресторана од Мајами. Во 2015 година пак, Климе и Анита Ковачески беа избрани и од Miami Herald Food 50.
Климе Ковачески е шеф – ветеран за фино јадење, а својот ресторан во Мајами го отвори во 2015 година и оттогаш е еден од најомилените ресторани во градот.