Овој часовник на Hublot можете да го купите само ако имате биткоин

- Advertisement -

Hublot лансираше нов луксузен часовник во својата линија Big Bang кој не е како ниеден од претходните модели. Не можете да го купите со пари ни со картички – можете да го купите само онлајн ако имате биткоин. Часовникот се вика Meca-10 P2P и е дизајниран во чест на десетгодишнината на оваа криптовалута. Всушност, Hublot ќе го изгравира уникатниот број на транскацијата на секој часовник што ќе биде купен пред да го испрати до купувачот. Според Bloomberg, еден Meca-10 P2P ќе чини околу 25.000 долари.

Сепак, не е сигурно дека ќе можете да го купите дури и да сте биткоин милионер. Hublot ќе направи само 210 примероци поради глобалнот лимит на биткоин од 21 милион, а од компанијата за Bloomberg изјавија дека веќе имаат повеќе од 210 нарачки за часовникот. Компанијата соработуваше со хонгконшката компанија OS Limited (OSL) на проверката на чековите на купувачите бидејќи секоја апликација мора да биде одобрена. OSL ќе направи и проверки за перење пари.

- Advertisement -

Партнерството на Hublot со OSL можеби нема да заврши тука. Извршниот директор на Hublot, Рикардо Гвадалупе, изјави дека Hublot планира уште една ексклузивна серија часовници кои ќе може да се купат само со криптовалути. Освен тоа, можеби ќе ја воведе и опцијата купување со криптовалути за сите часовници до крајот на годинава.

Сподели!
- Advertisement -