Билборд го користи загадувањето од воздухот за да напише пораки

- Advertisement -

Рекламната агенција McCann Lima направи билборд за компанијата за природен гас од Перу, Calidda со цел да се стави акцент на проблемот со загадувањето во Лима и да се промовираат бенефитите од природниот гас. Според Светската здравствена организација, Лима е вториот најзагаден град во Латинска Америка.

PSFK пренесува дека оваа иновативна кампања ги користи честичките од загадувањето во воздухот за да прикаже пораки. Преку билбордот градот покажува колку е тешко да се дише таму. Билбордот е поставен на локација со многу сообраќај. На почеток беше само бела површина, но по само неколку дена собирање јаглерод диоксид од воздухот , кој потора го претвора во прав и го користи наместо мастило, ја откри својата порака.

Сподели!
- Advertisement -