Facebook тестира опција со приватни коментари

- Advertisement -

Социјалната мрежа тестира нова опција која на корисниците ќе им овозможи да коментираат на одредена објава и при тоа сами да ја контролираат видливоста на коментарите

Facebook започна да ја тестира оваа опција која се однесува на подобро управување на приватноста на корисниците и која ќе им овозможи да изберат кој ќе може да го види нивниот одговор на одредена објава, пишува порталот Bug.hr

При пишувањето на коментарот, во полето ќе се појави посебна икона со претстава на катанец. Со кликање на оваа икона, на корисникот ќе му бидат понудени четири различни опции за видливост на коментарот.

- Advertisement -

Првата опција ќе овозможи објавата да ја гледат само пријатели на оној кој коментира и сопственикот на профилот, втората опција ќе овозможи видливост само за заеднички пријатели, третата само за сопственикот на профилот и оној кој коментира, а последната опција да биде видлив за сите корисници на Facebook.

- Advertisement -

За сега е нејасно до кога ќе трае тестирањето на оваа опција и кога ќе биде имплементирано за сите корисници на Facebook.

Сподели!
- Advertisement -