Пет работи кои успешните луѓе ги прават и за време на празниците

- Advertisement -

Минатата година дури 15% од организациите ги затворија своите канцеларии на една недела меѓу католички Божиќ и Нова година, односно Нова година и православен Божиќ. Поради прекувремената работа и исцрпеноста кога луѓето добиваат една недела за одмор, тие повеќе сакаат да се посветат на домашни активности, да се забавуваат и да гледаат ТВ или да излезат сп пријателите.

Ако сте професионалци на почетокот од својата кариера и во првите години од финансиската независност, доколку сите седум дена ги искористите за да се одморите и да се забавувате, тоа време нема да биде искористено на најдобар начин. Тоа е стагнирање. Напротив, би требало додека сте на одмор максимално да го искористите времето за подобрување на својата професионалност и за личните перспективи. Потоа кога ќе се вратите на работа, ќе бидете далеку поподготвени, попродуктивни и со поголема самодоверба. Еве што прават успешните луѓе и за време на одмор и празници.

- Advertisement -

Ги проценуваат своите буџети за 2017 година и ја планираат 2018 година. Тоа покажува дека тие својот дом го гледаат како своја компанија, а себеси како генерални директори. За секој месец во текот на годината младите вработени треба да направат своја анализа на приходите и расходите и да направат буџет. Тие што се родители треба да ги предвидат трошците за децата. Слично како во една организација, во случај да планираат да потрошат помалку од претходната година, нема да ја потрошат таа разлика. Едноставно, повеќе штедете или додадете нова ставка за усовршување, професионален напредок или патување, затоа што сите тие го поттикнуваат личниот напредок.

Преговарање за трошоци. Во оваа фаза младите можат да калкулираат со своите трошоци – од автомобилот до дневните потреби. На некои ќе им биде потребни малку повеќе да ги организираат своите трошоци, но на крајот повеќе ќе заштедат, а таа заштеда повторно може да се искористи за лично усовршување.

- Advertisement -

Нови активности со семејството. Одморот со родителите и пријателите е добар за сите, под услов да не се сведува само на гледање ТВ. Поминувањето време со семејството и пријателите создава нови моменти и сеќавања кои не „реновираат“.

Го продолжуваат своето образование. Млади и перспективни луѓе често се пријавуваат на разни усовршувања од својата област за време на одморот. Иако усовршувањето не може да се заврши за 7 дена, доволно е да се запознае со темата и да учи за материјалот. Покрај тоа, кога во јануари ќе се вратат на работа, разговараат со своите надредени околу развојот на својата кариера во 2018 година и тоа ја покажува нивната намера да бидат поактивни.

- Advertisement -

Запознавање со други професионалци од слични области. Повеќето професионални организации вклучуваат повеќе луѓе во последниот квартал. Паузата за време на празниците е одлична прилика да почнете да учествувате во професионални организации како редовни членови или членови на некој одбор.

Работата на која било од овие 5 работи ќе им помогне на младите перспективни луѓе да станат успешни во својата кариера, своите финансии и личните односи. Посветувањето време за надминување на несигурноста и слабоста претставува пат кон созревање, а тие што се усовршуваат покажуваат дека имаат стратешки цели.

Сподели!
- Advertisement -