Излезе вториот број на градскиот водич за Скопје – In Your Pocket

- Advertisement -

На почетокот на декември излезе вториот број на In Your Pocket за Скопје со дел за планинскиот туризам во Македонија. Водичот се испечати во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе од 150 локации во градот. Покрај принт, In Your Pocket во својата палета содржи промоција и преку мобилна апликација и web https://www.inyourpocket.com/skopje [1].

In Your Pocket брендот, како најголем градски водич во Европа, постои 25 години и во моментов во семејството на In Your Pocket се вклучени 32 земји во светот со преку 250 водичи за различни градови ширум светот. Водичот Скопје In Your Pocket има огромно значење за развојот на туризмот во Македонија, бидејќи ги информира потенцијалните и туристите кои престојуваат во државата за сместувачките капацитети, ресторани, барови, винарници, а во исто време информира и за бројните природни убавини, културно-историски споменици, музеи и атракции во нашата земја кои се вредни да се посетат.

Сподели!
- Advertisement -