Виталиа се приклучува во борбата со климатските промени

- Advertisement -

Виталиа во 2020 година се вклучува во борбата со климатските промени, иницијатива што ја покренаа Обединетите Нации и во која на различни начини се приклучија многу компании од светот.

Почнавме со транзиција кон биоразградлива амбалажа, замена на пластичните кеси со хартиени, како и воведување електрични возила во сопствениот возен парк. Исто така, почнавме со инсталирање фотоволтаици за соларна енергија-извор на енергија за производствените погони, селекција на отпад и исклучување на пластика за една употреба за потребите на фабриката и вработените, соопштија од Виталиа.

- Advertisement -

Со ваковиот чекор, целта на Виталиа е да ги инспирира и останатите компании да се вклучат во иницијативата и да придонесат на сличен начин, со иновативни идеи да дојдат до креативни решенија за климатските промени, додаваат од компанијата.

(instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -